Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските ракометарки веќе утре можат да обезбедат пласман на ЕП 2024

/

пред 915 дена

Сподели преку :

Македонската женска ракометна репрезентација утре гостува кај Азербејџан во претпоследниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство оваа година што ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Нашите девојки се многу близу до пласман на континенталниот турнир, а за такво нешто прво е потребна победа во Баку.

На првата средба во квалификациите во Скопје, Македонија славеше убедлива победа од 40-17 против Азербејџан. Утре треба да го потврдиме квалитетот и со победа ќе бидеме речиси пласирани на Европското првенство. Нешто подоцна потоа ќе играат Литванија и Шпанија,  а „фуријата“ не би требало да има проблеми да слави на гостински терен, па и математички ќе обезбедиме европска виза. Последниот дуел со Литванија во Скопје ќе биде само формалност.

Во 2022 година Македонија се врати на Европските првенства по шести пат, но како ко-домаќин заедно со Црна Гора и Словенија и важно е да се напомене дека не играше квалификации.

Утре против Азербејџан играме од 15 часот во Баку, додека ја пречекуваме Литванија во Скопје во арената „Борис Трајковски“ во недела со почеток од 18 часот, а влезот за сите љубители на ракометот ќе биде бесплатен.