Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Боксови, пукање и 89 уапсени – големи инциденти во Турција по одземање на мандат на курдски градоначалник

/

пред 933 дена

Сподели преку :

Турските власти приведоа 89 лица ширум земјата, бидејќи се придружиле на „неодобрените демонстрации“, објави министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја на платформата Икс.

Протестите во покраината Измир, во југоисточна Турција, настанаа по одлуката на изборното тело со која му се оневозможува преземање на функција на новоизбран градоначалник од прокурдската Партија за народна еднаквост и демократија (ДЕМ) во градот Ван.

Абдулаху Зејдану му е скратен мандатот, иако беше избран за градоначалник на локалните избори во неделата со 55 отсто добиени гласови.

Таа позицијата ќе му припадне на кандидатот на владеачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Реџеп Таип Ердоган кој освои 27 отсто од гласовите.

Главната опозициска партија на левиот центар, Републиканската народна партија, која беше прва на неделните избори на кои му беше зададен сериозен удар на АКП на Ердоган, ја осуди одлуката и повика за нејзино поништување.

Локалното изборно тело наведе дека Зејдану има криминално досие и оти не требал да се кандидира на изборите, објави државната новинска агенција Анадолија.