Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реал Мадрид подготвува понуда за најталентираниот играч на Лил

/

пред 915 дена

Сподели преку :

Фудбалерот на Лил, Лени Јоро е еден од приоритетните трансфери за Реал Мадрид летово. Се работи за 18-годишен централен дефанзивец, кој е трансфер-цел и на неколку други европски гиганти како ПСЖ, Баерн Минхен и неколку премиерлигаши.

Неговиот договор со Лил истекува во јуни 2025 година, па затоа Реал Мадрид сака да го доведе уште ова лето и е подготвен да плати обештетување. Јоро е заинтересиран за трансфер во Мадрид, бидејќи клубот не се плаши да им даде шанса на младите играчи, како што тоа беше случај во минатото со Рафаел Варан, а во поново време со Едуардо Камавинга, Винисиус Жуниор и Родриго.

„Кралевите“ ќе испратат понуда од околу 30 милиони евра за младиот дефанзивец.