Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манчестер јунајтед е заинтересиран за фудбалер на Бенфика, кој вреди 100 милиони евра

/

пред 915 дена

Сподели преку :

Во Манчестер јунајтед летово ќе има многу промени во играчкиот кадар. Главни за трансфери во клубот ќе бидат луѓето поставени од новиот акционер сер Џим Ретклиф, па се очекува на „Олд Трафорд“ да пристигнат многу нови лица.

Шпекулациите се дека приоритетен трансфер на Јунајтед ќе биде Жоао Невеш од редовите на Бенфика. Португалскиот тим го проценува плејмејкерот на 100 милиони евра, но не е јасно дали премиерлигашот ќе биде подготвен да ја плати оваа сума за 19-годишниот играч.

Веќе две сезони е стандарден играч во Бенфика, лани настапи на 31 натпревар, а сезонава веќе има 46 настапи зад своето име.