Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија убедлива против Азербејџан: Пласманот на ЕП 2024 е речиси обезбеден

/

пред 914 дена

Сподели преку :

Македонската женска ракометна репрезентација славеше убедлива победа на гостувањето кај Азербејџан и се најде на чекор до пласман на Европското првенство, што ќе се одржи годинава во Австрија, Швајцарија и Унгарија. Македонија сега чека услуга од фаворитот Шпанија, кој ако слави на гостувањето кај Литванија, нашите ракометарки уште вечерва на едно коло до крајот ќе прослават пласман на континенталниот турнир.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски добро го почнаа натпреварот со 0-4. Изненадувачки Азербејџан дојде до израмнување 5-5, но тоа само ги мотивираше нашите ракометарки во продолжението. На полувремето веќе имавме опиплива предност во Баку од 12-19.

Во вториот дел од минута во минута само го зголемувавме водството до највисоки +16 голови разлика. Конечниот резултат гласеше 22-37.

Јована Саздовска со седум голови беше најефикасна во редовите на Македонија, Сара Ристовска имаше гол помалку, а голманките Јована Мицевска и Драгана Петковска имаа по четири интервенции.

Во последното коло од квалификациите во рамки на групата 5 на домашен терен ја пречекуваме Литванија во салата „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток од 18 часот.