Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Данка не е на објавената снимка од Виена – австриската полиција ги симна дилемите

/

пред 932 дена

Сподели преку :

Австриската полиција соопшти дека исклучува поврзаност на лицата од видеоснимката од Виена со исчезнатата Данка Илиќ од околината на Бор, откако е откриен и потврден нивниот идентитет.

„Врз основа на истрагата и фактите, врска меѓу прикажаните лица на објавените снимки и исчезнатото девојче може јасно и без сомнеж да се исклучи“, се наведува во соопштението.

Канцеларијата на виенската државна криминалистичка полиција продолжува со истрагата за сомнежите за киднапирање на детето, се додава во дописот.

Министерството за внатрешни работи на Србија информира дека „од полицијата на Виена е известено дека на снимката која беше проверувана во рамки на истрагата за исчезнатото девојче, не е двегодишната Данка Илиќ која исчезна на 26 март во Бањско поле“.

Потрагата по двегодишната Данка влезе во десеттиот ден. Српското МВР продолжува со интензивните оперативни работи и проверки на сите факти и лица кои може да се доведат во врска со исчезнатото девојче.

По објавените снимки од Виена, истрагата е проѓирена и во Австрија, додека Интерпол распиша жолта потерница за Данка.