Ахарон го посветил својот живот на воспитувањето на својот син Ури. Тие живеат заедно со вообичаена рутина, далеку од реалниот свет. Но, Ури е аутист и сега како адолесцент можеби е време тој да живее во специјализиран дом. Додека се на пат кон институцијата, Ахарон решава да побегне со својот син и тргнува на патот, знаејќи дека Ури не е подготвен за оваа разделба. Или можеби неговиот татко е тој кој што не е подготвен за разделба?











