Во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство, македонската женска ракометна репрезентација ја совлада Литванија со 34:24.
Со овој триумф нашиот состав го потврди второто место во групата и обезбеди ново учество во завршницата на континенталните шампионати.
Најефикасни во репрезентацијата на Македонија беа Андреа Седлоска и Емилијана Ризоска кои шест пати се запишаа во листата на стрелците додека Ива Младеновска постигна четири погодоци.
ФОТО: Игор Паневски


































