Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца загинати, тројца повредени во руски напад врз Запорожје

/

пред 928 дена

Сподели преку :

Три лица загинаа во руски бомбашки напади во областа Запорожје, на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти.

„Други тројца се ранети, напиша Иван Федеров, претседател на регионалната управа на Запорожје, на социјалните мрежи.

Тој додаде дека во изминатите 24 часа руските сили извршиле напади „357 пати“ врз осум населени места во регионот.

Руските власти вчера соопштија дека украинско беспилотно летало ја нападнало територијата на украинската нуклеарна централа во Запорожје, која е делумно окупирана веќе две години и дека уредот експлодирал над еден од реакторите.