Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Отпадна капак од мотор и удри во крило за време на полетување – нов инцидент на авион на Боинг

/

пред 928 дена

Сподели преку :

Капак на моторот на авион „Боинг 737-800“ на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ (Southwest Airlines) во неделата падна и удри во крилото за време на полетувањето од аеродромот во Денвер,  поради што американската Федерална управа за авијација (FAA) отвори истрага.

Британските медиуми пренесуваат дека никој не е повреден на летот 3695 на компанијата „Саутвест“, а авионот безбедно се вратил на аеродромот.

Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот.

„Боингот“ се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се вратил во Денвер, 25 минути по полетувањето.