Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Анексот на колективниот договор да се потпише по формирање на новата влада – протест на здравствените работници

/

пред 923 дена

Сподели преку :

Незадоволство од непотпишување на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност кој требаше да почне да се применува од мартовската плата и барање до претендентите за власт истиот да се потпише по формирање на новата влада. Ова се барањата на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита кои денеска протестираа пред министерството за здравство.

„Нема да отстапиме од нашите барања до потпишување на анексот на колективниот договор“, изјави Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

На протестот беше истакнато и дека се бараат 15 отсто, на анексите што биле дадени и минале на Влада, поради покачувањето на минималната плата.