Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Битола започна грчкиот филмски фестивал ,,Киненова”

/

пред 910 дена

Сподели преку :

Синоќа се отвори четвртиот фестивалот на грчкиот филм во Битола. Беше испратен од страна на бројни актери, режисери и дипломати, но и луѓе од сферата на културата.

Почнувајќи од вчера, па до 10 април љубителите на филмот ќе имаат можност да гледаат филмови кои ги има во програмата на фестивалот.

Фестивалот е организиран од страна на грчката амбасада и меѓународниот филмски фестивал ,,Киненова”, поддржан од спонзорите.

По четврти пат оваа година, наместо во Скопје, првпат ќе се оддржи во ,,Кино Манаки”, во Битола. На отварањето на фестивалот се обрати и директорот на грчкиот филмски фестивал Небојша Јовановиќ кој изјави дека:

,,Ние можеби нема да го промениме целиот свет, можеби нема да ги избришеме границите, но сигурно ќе создадеме нови гранични премини и нови мостови преку програмата на фестивалот, бидејќи културата ја има таа моќ, а филмот особено, преку длабоката и широка комуникација на животните теми кои директно произлегуваат од актуелното грчко општество”.

Во делот од програмата ќе биде и краткиот филм ,,Бјути” на Танос Либеропулос. Филмот ја носи тематиката на една млада жена која живее со нејзината мајка која потајно ја контролира, а таа во меѓувреме бара излез низ блескавиот, но суров универзум на  платформата ,,Јутуб”.

Влезот за сите заинтересирани посетители е бесплатен.