Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Никарагва ја обвини Германија за помагање во потенцијалниот геноцид во Појасот Газа

/

пред 928 дена

Сподели преку :

Никарагва го повика врховниот суд на Обединетите Нации (ОН) да ја запре германската воена помош кон Израел, со став дека Берлин со ова е овозможува акти на геноцид и кршење на меѓународното право во војната меѓу Израел и Хамас во Газа. Случајот што го покрена Никарагва е со фокус на Германија која индиректно е вклучена во воената кампања во Газа.

Израел цврсто го негира обвинението за можни геноцидни акти, велејќи дека тоа е дејствување во самоодбрана. Во наредниот период, адвокатите на Германија ќе се обратат до судот за да го отфрлат оваа обвинување на Никарагва.

Додека Никарагва наложи до судот да донесе привремени мерки кон Германија за да ја стопира воената помош кон Израел, на судот преостанува да ја донесе прелиминарната одлука, а конечната одлука би можела да се одолговлечи поради тежината на обвинувањата.