Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

До крајот на неделава производителот на автобуси Ван Хол треба да добие нов сопственик, преговорите финишираат, работниците се безбедни

/

пред 917 дена

Сподели преку :

До крајот на неделава треба да заврши преземањето на погонот на белгиската компанија Ван Хол во индустриската зона Бунарџик, дознава Телма. Според информациите ќе ја преземе холандска фирма и најверојатно новиот сопственик ќе го задржи капацитетот како што е во моментов.

Вработените се безбедни, а се преговара и со институциите во земјава да се донесат дополнителни  капацитет од компанија во Белгија, во Македонија.

И во дописот од Ван Хол Македонија за Телма потврдија дека не планираат намалување на бројот на вработени во фабриката, ниту пак кратење на плати, и дека преговорите за продажба се водат на коорпоративно ниво.

Оваа компанија во земјава функционира веќе неколку години и генерира добри резултати. Но, според пишувањата на странските медиуми, производителот на автобуси во Белгија банкротираше.

Ван Хол е семејна компанија за производство на автобуси, тролејбуси и приколки основана во 1947 година.