Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се запалила новата купола на Универзална, пожарот локализиран, две лица на Токсикологија поради вдишување на чад

/

пред 922 дена

Сподели преку :

Пожарот во Универзална сала е локализиран и не постои опасност по објектите во нејзина близина, објави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски на социјалните мрежи.

Според првичните информации, како што наведува тој, во моментот на избувнување на пожарот немало никој во објектот. Тој апелира да не се шират шпекулации за причините за пожарот се додека не стигнат официјалните информации.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека се запалила новата купола на Универзална сала која беше поставена пред десетина дена.

Две лица побарале медицинска помош поради вдишување на чад од опожарениот објект и се превезени на Клиниката за токсикологија.

ФОТО: Облакот чад од пожарот на Универзална се гледаше од цело Скопје