Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Словенија убедлива во дуелот против македонските фудбалерки

/

пред 909 дена

Сподели преку :

Женската фудбалска репрезентација на Македонија во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство, Лига Ц на домашен терен е совладана од Словенија со 5:0.

Гостинките ја оправдаа фаворитската улога и на дуелот на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски беа супериорни во соочувањето со македонската селекција и сосема заслужено стигнаа до убедлива победа.

Македонија по две одиграни кола има три бода, а во следниот циклус натпревари не очекуваат дуели против Молдавија.

Првиот е на 31 мај во Скопје, а четири дена подоцна гостуваме во Кишињев.

ФОТО: Игор Паневски