Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Големи поплави во Казахстан, во тек е итна евакуација

/

пред 925 дена

Сподели преку :

Поплавите кои го зафатија Казахстан во четвртокот, сеуште не стивнуваат. Евакуацијата на луѓето, од деловите на на север Казахстан уште трае.

Повеќе од 100 згради се поплавени, а исто толку луѓе се евакуирани од поплавените подрачја, соопштија локалните спасувачки екипи.

Официјалните власти од северниот град Атбасар, Казахстан изјавија дека спасувачите спроведуваат акција и ги заштитуваат сите можни објекти погодени од оваа природна непогода.

Повеќе од 3.500 куќи и понатаму се поплавени во Казахстан, а повеќе од 7.000 луѓе се преместени во кризните центрите кои се наменети за евакуација, соопшти казахстанското Министерство за вонредни состојби.