Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нивото на реката Урал во Оренбург надмина 11 метри

/

пред 924 дена

Сподели преку :

Нивото на водата во реката Урал во Оренбург во текот на ноќта надмина 11 метри и достигна 1.120 сантиметри, изјави првиот заменик градоначалник Алексеј Кудинов.

Toj рече дека денеска се очекува да биде достигнат врвот на поплавниот бран, по се очекува намалување на нивото на реката.

Нивото на водата во селото Каминское во руската Курганска област, на границата со Казахстан, во текот на ноќта порасна за 140 сантиметри, поради што се врши евакуација на жителите во ова населено место.

Руските региони во јужниот дел на Урал годинава се соочија со невидени поплави, а најлоша е ситуацијата во регионот Оренбург, каде што на 5 април пукна браната што го штити градот од реката Урал во градот Орск.

Извршена е масовна евакуација на жителите од делот наречен Стар град, а во тој реон е воведена вонредна состојба од федерални размери.