Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Западот со осуда на Техеран, Гутереш повика на смиреност и воздржаност – Иран и Израел со меѓусебни обвинувања во СБ на ОН

/

пред 921 дена

Сподели преку :

Со меѓусебни обвинувања меѓу Иран и Израел и без заклучок мина итната седница на Советот за безбедност при Обединетите Нации. Иранскиот амбасадор го осуди израелскиот напад врз иранското дипломатско претставништво во Дамаск, неговиот израелски колега, пак, возврати во ист стил за воздушниот напад со дронови, балистички и крстосувачки ракети од официјален Техеран. Амир Саид Иравани го обвини Израел дека е главна закана за мирот на Блискиот Исток, за Гилад Ердан, пак, тоа е Иран. Двајцата го повикаа Советот за безбедност да воведе санкции – Иран бара казнување на Израел, Израел, пак, на Иран.

Западните земји го осудија нападот на Иран, додека генералниот секретар на Обединетите Нации повика на смирување на деескалација на ситуацијата. Сега е време за максимална воздржаност од сите страни, не можеме да си дозволиме уште една војна, порача Антонио Гутереш.

Нападот на Иран е како објава на војна, смета израелскиот претседател Исак Херцог. Но, неговата земја, како што нагласи, покажала воздржаност, бидејќи не сака војна и заедно со партнерите ги разгледува сите опции.

Техеран, според западни извори, ноќта меѓу саботата и неделата истрелал 185 дронови, 36 крстосувачки проектили и 110 ракети земја-земја, како одговор за изралескиот напад врз иранското дипломатско претставништво во главниот на Сирија во кој загинаа и високи воени лица. Најголем дел од дроновите, проектилите и ракетите наводно ги собориле Израелците надвор од нивната територија, а во одбивање на иранскиот напад учествувале и американски и британски трупи.

Сашко Димовски