Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експертите тврдат: спиењето може да влијае на вашата кожа

/

пред 900 дена

Сподели преку :

Спиењето може да влијае врз свежината и еластичноста на нашата кожа.  Дерматологот Анаталија Мур, во едно од интервјуата објаснува колку сонот е важен за одржувањето на здрава и витална кожа.

Според неа, освен осум-часовниот сон, истиот треба да биде и темпиран во соодветно време за да биде ефективен. На пример, ако си легнуваме во 22 часот навечер, ќе имаме многу поголеми бенефити, отколку, ако си легнеме во 3 часот наутро. Без разлика дали спиеме ист број на часови, сонот ќе влијае поинаку.

Специјалистката објасни дека кога спиеме, нашата кожа се обновува и ја поправа секоја штета. Таа во интервјуто објасни:

„Без вистинки одмор, нашeто тело може да има понизок клеточен обрт што доведува до побавна регенерација на кожата и може да се појават проблеми како што се акни, брчки и нерамномерен тен. Нашата кожа користи колаген, па на таков начин допринесува да имаме помлад изглед, но без доволно одмор, процесот на создавање на колаген во нашето тело може да се забави. На таквиот начин се создаваат мали линии на лицето, брчки и нерамномерна текстура на кожата. Сонот претставува главен виновник за предвременото стареење на кожата. Доколку се чувствувате исцрпено или уморно, последиците може да се видат веднаш, а  јасни показатели се стареење на кожата, темни кругови под очите, жолт тен, подуени очи итн. ”