Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 550 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа во последните 48 часа

/

пред 920 дена

Сподели преку :

Над 550 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа во последните 48 часа по темелните безбедносни проверки, соопшти израелската војска. Обединетите Нации (ОН) сметаат дека тоа количините се недоволни.

Претходно, 56 пратки со помош во храна беа доставени во палестинската енклава.

Од почетокот на април, во Газа во просек влегуваат 181 камион преку пристапните точки Рафа и Керем Шалом, наведе агенцијата при ОН, оценувајќи дека тој број е „под оперативниот капацитет на двата гренични премина низ кои требаат да минуваат по 500 камиони дневно“.