Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поројни поплави ги зафатија Обединетите Арапски Емирати, загинаа најмалку 18 лица, најголем број деца

/

пред 919 дена

Сподели преку :

Силен дожд и поројни поплави денеска ги зафатија Обединетите Арапски Емирати, при што загинаа најмалку 18 лица.

На снимките кои се споделуваат ма социјалните мрежи се гледаат возачи кои се борат со пороите вода по улиците на Дубаи.

Официјални лица изјавија дека во Оман, девет ученици и нивниот возач загинале во неделата кога нивното возило било однесено од поплавите во Самад А’Шан.

Националната управа за управување со вонредни состојби, кризи и катастрофи им порача на жителите да не ги напуштаат своите домови освен во „случаи на екстремна потреба“.

Власта, исто така, ги советуваше возачите да ги паркираат возилата на „оддалечени, безбедни и издигнати локации подалеку од областите подложни на поплави“.