Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиени над 50.000 руски војници, денеска 14 жртви, во ракетен напад во украинскиот град Чернихив

/

пред 918 дена

Сподели преку :

Во последниот руски ракетен напад се убиени 14 цивили, соопшти гувернерот на градот Чернихив. Нападот бил извршен со три руски проектили кои удриле директно во центар на градот. Уништена е осум катна зграда, а жртвите се жители на зградата како и случајни минувачи.

Во обраќањето утрово, гувернерот на регион Чернихив, посочи: ,,Лошо утро во регионот Чернихив. Непријателот изврши три ракетни напади, во центарот на градот. Има мртви цивили и многу ранети. Во моментов работат спасувачи и лекари. Обезбедена е сета потребна помош. Штабот е формиран и потребна помош ќе биде обезбедена.”

Според истражувањето на BBC, од почетокот на воениот конфликт, се убиени  50.000 руски војници. Москва официјално не ја кажува бројката на загинатите војници и цивили, додека Британците известуваат дека цифрата на жртви е многу поголема.

Официјални информации за загинати војници и цивили нема, додека BBC се повикува на новинарските извештаи. Застрашувачка е бројката на загинати жртви, од почетокот на војната и изнесува 27.300.

Украина како и Русија, не соопштуваат податоци за загинатите. Во февруари, годинава, Володимир Зеленски изјави дека од почетокот на руската инвазија, загинале 31.000 украински војници.

Од почетокот на војната во Украина потврдена е смртта на 50.000 руски војници, покажува истражување на БиБиСи