Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитров го откажа настапот во Кицбил

/

пред 2284 дена

Сподели преку :

Бугарскиот тенисер Григор Димитров го откажа настапот на турнирот во Кицбил што го организира Доминик Тим. Натпреварувањето е на програмата од седми до 11 јули, а Димитров го откажа учеството бидејќи се уште нема негативен резултат на тестот на Ковид 19.

Претходно од турнирот се повлече и Борна Ќороќ кој исто така како и Димитров по учеството на Адрија купот во Задар беше позитивен на коронавирусот.

Од тенисерите кои требаше да настапат во Кицбил го нема и Гаел Монфис, а на листата на учесници додадени се имињата на Норвежанецот, Каспер Руд и Роберто Баутиста Агут од Шпанија.