Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инфаркт со смртни последици над Италија – 33-годишен маж почина во авион на „Рајанер“ во кој била и неговата бремена сопруга

/

пред 917 дена

Сподели преку :

Смртен случај во авион на „Рајанер“ над Италија. Трагедијата се случила вчераутро на летот од Торино до Ламеција Терме во кој 33 годишен патник, кој бил со својата бремена сопруга, доживеал инфаркт.

Двајца меѓу патниците, кои минале обука за давање на лекарска помош, се обиделе да го спасат, а екипажот на авионот бил принуден да помогне со дефибрилатор, пишува „Ла Стампа“.

Авионот бил принуден да се врати во Торино по 30 минути од полетувањето, во него веднаш упаднале лекари, меѓутоа несреќниот маж го прогласиле за мртов.

Неговата сопруга дознала за смртта дури по враќање на авионот во Торино, со оглед дека седела на далеку од него, во задниот дел на леталото.