Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорческа испадна во 2.коло во Копер, но ќе игра полуфинале во двојки

/

пред 898 дена

Сподели преку :

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучрс турнирот во Копер уште во рамки на 2.коло откако денеска загуби од Дебора Киеза.

Италијанката славеше во два сета со по 6-4 за 1 час и 46 минути игра. За пласманот во втората рунда нашата тенисерка ќе освои само девет бодови на ВТА ранг-листата.

Ѓорческа сепак ќе продолжи да игра на турнирот во Копер, но во двојки. Таа во тандем со Романката Андреа Миту славеа против Ивана Себестова и Анастасија Соболева со 6-4 и 6-1 и обезбедија пласман во полуфиналето. Утре ќе се соочат со првите носителки Вероника Ерјавец и Доминика Салкова.