Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Норис на пол-позицијата за спринт трката во Кина

/

пред 897 дена

Сподели преку :

Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата за утрешната спринт трка во Кина во рамки на Формула 1 шампионатот. Британецот најдобро се снајде на дождливите квалификации на патеката во Шангај.

Возачот на Мекларен имаше најбрз круг со време од 1 минута, 57 секунди и 940 илјадитинки, а зад него ќе стартува Луис Хамилтон од Мерцедес. Фернандо Алонсо имаше трето време, а по него следува светскиот шампион Макс Ферстапен.

Најдобрите десетмина ги комплетираат Карлос Сајнц, Серхио Перез, Шарл Леклер, потоа Оскар Пиастри, Валтери Ботас и Жу Гуанју.

Спринт трката е закажана за утре со почеток во 5 часот наутро по средноевропско време, а во 9 часот ќе бидат и официјалните квалификации. Трката за Големата награда на Кина е во недела од 9 часот наутро.