Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Басконија или Виртус Болоња, кој ќе биде ривал на Реал Мадрид во плеј-офот?

/

пред 898 дена

Сподели преку :

Во кошаркарската Евролига вечерва ќе го добиеме последниот патник во плеј-офот. Басконија ја пречекува Виртус Болоња во финалниот натпревар од плеј-ин турнирот.

Во вторникот Басконија загуби убедливо со 113-85 од Макаби Тел Авив во Белград во првиот натпревар од плеј-ин турнирот. Со оглед на фактот дека Шпанците беа осми во регуларниот дел од сезоната беше јасно дека ќе добијат уште една шанса да изборат место во разигрувањето.

Ривал на Басконија вечерва е победникот од првиот плеј-ин натпревар помеѓу Анадолу Ефес и Виртус Болоња. Италијанскиот состав славеше во Истанбул со 64-67.

Во регуларниот дел од сезоната двата тима славеа по еднаш и тоа на гостински терен. Вечерва влогот е многу поголем, а тоа е пласман во плејофот и дуел со најдобриот тим сезонава Реал Мадрид. Натпреварот вечерва стартува во 20:30 часот.