Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мареј погоди за победа со звукот на сирената, Лејкерс прокоцкаа водство од 20 поени (ВИДЕО)

/

пред 894 дена

Сподели преку :

Денвер поведе со 2-0 против Лос Анџелес лејкерс во првата рунда од плеј-офот во НБА-лигата благодарение на драматичната победа утринава на домашен паркет од 101-99.

Џамал Мареј беше херој на шампионот, кој погоди за победа со звукот на сирената. Нагетс имаа негатива од 20 поени во вториот дел, но направија пресврт за триумф.

Никола Јокиќ имаше трипл-дабл за Денвер со 27 поени, 20 скока и 10 асистенции, Мајкл Портер јуниор  запиша 22, Мареј го заврши натпреварот со 20 поени. Кај Лејкерс, Ентони Дејвис имаше 32 поени со 11 скока, додека Леброн Џејмс имаше 26 поени и 12 асистенции. Серијата сега се сели во Лос Анџелес, каде се играат два натпревари.

Драматично беше и во Источната конференција, каде Њујорк максимално го искористи домашниот паркет и поведе со 2-0 по победата од 104-101 против Филаделфија. Кливленд го победи Орландо со 96-86 и исто така поведе со 2-0 во меѓусебната серија.