Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пријави проблем при гласање на бесплатните телефонски линии

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Денеска од 7 до 19 часот, во канцеларијата на Народниот правобранител граѓаните ќе можат да пријават било каква повреда на избирачкото право, на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 спроти Спомен куќата на Мајка Тереза.

Исто така, дежурства ќе има и во Подрачните канцеларии во градовите: Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување.

Надлежните органи во изборниот процес и другите институции се должни да им обезбедат заштита на граѓаните во остварување на нивното загарантирано право на глас.