Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: Утрово состојбата е стабилна, без сериозни нарушувања на изборниот процес

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Излезноста на гласањето утрово во избирачкото место 2612 во основното училиште „Владо Тасевски“ во општинската изборна комисија Карпош започна точно на време во 7 часот и за сега се одвива непречено.

На ова избирачко место имало проблем со уредите за препознавање отпечаток од прст, но и тоа било надминато.

 Со отисоците малку, меѓутоа идентификацијата се одвива по личната карта, по матичниот број од личната карта. Изборниот процес започна во 7 часот се беше во ред, тече без никакви проблеми и до сега излезеноста е околу 3 %, изјави претседателот на избирачкото место 2612, Даниела Кочовска.

Гласачкиот материјал бил навремено доставен. Граѓаните ќе може да гласаат до 19 часот и  да го дадат својот глас за еден од седумтемина кандидати за Претседател на државата, што е најголем број на кандидати во историјата на претседателските избори.

Граѓаните уште во раните утрински часови гласаа и во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, во општинската изборна комисија Центар . Се надеваат на фер, мирни  и демократски избори.

 Изборите почнаа точно на време и изборниот одбор почна на време без никакви проблеми. Нашето избирачко место има 605 гласачи, изјави Александар Димитровски, претседател на избирачко место 2843. 

Според Министерството за внатрешни работи состојбата е стабилна, без сериозни нарушувања на изборниот процес.

 Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови и се постапува според утврдените насоки, велат од МВР.

 Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори.

Нина Стефанова