Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најголема излезност до 15 часот има во Новаци и Крива Паланка, најмалку во Пласница и Центар Жупа

/

пред 893 дена

Сподели преку :

До 15 часот гласале околу една третина од запишаните избирачи, покажуваат статистиките на ДИК. По доставени резултати од 94,63% од вкупниот број на избирачки места, излезноста е 34,68% или за речиси 6 проценти повеќе од првиот круг на претходните претседателски избори во 2019-та година. Тогаш процентот на излезност до 15 часот беше 28,89 одсто.

Најголема излезност е забележана во Новаци – 57,69 одсто, а по раното водство, Крива Паланка сега е втора по излезност односно излегле до 15 часови и гласале 51,92 % запишани во Крива Паланка. Нема други општини со натполовична излезност до 15 часот.

Најмала излезност е во Пласница каде гласале 12,57 % од запишаните, а во Центар Жупа излезноста е 13,11 одсто.

Од скопските општина најмногу гласачи се појавиле на бирачките места во општина Карпош, над 45 проценти. Најмалку гласале во Шуто Оризари, 19,55 одсто.

До 15 часот до ДИК се пристигнати 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив, 38 се усвоени и тие избирачи можат да гласаат, 21 се отфрлени како неуредни а 22 се одбиени. Останатите приговори се во обработка.