Мечот од Супер купот на Португалија меѓу Порто и Бенфика кој требаше да се одржи на 24 мај, а беше одложен поради епидемијата со Ковид 19 и беше предвиден за 1 следниот месец дефинитивно е откажан.
Во истиот термин ќе се одржи финалето на националниот куп во кој треба да се сретнат истите ривали кои воедно се борат и за трофејот во првенството каде Порто има шест бода предност во однос на ривалот од Лисабон.











