Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски: Јасно е дека луѓето нè казнија и го прифаќаме тоа, но нема да се откажеме

/

пред 892 дена

Сподели преку :

Ова е тежок удар за европската перспектива, но не е доцна да се смени правецот, порача вечерва на прес-конференција лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Посочи дека остануваат уште две недели да ја испратат пораката до секој дека единствениот начин за суштинска и вистинска промена е токму европската интеграција на државата.

-Граѓаните се многу уморни од европскиот пат, Европската Унија не ги одржа ветувањата, но нема друг пат. Време е да ги ставиме настрана сите разлики, да се обединиме околу европската иднина на земјата. Ако ја пропуштиме шансата ќе ни треба многу време да се вратиме на вистинскиот пат. Знам дека наши поддржувачи се разочарани, но не е доцна, не смееме да се откажеме, ќе работиме секој ден на терен да ја добиме поддршката. Нема да ги наведнеме главите, ќе продолжиме да се бориме“,, додаде Ковачевски

Тој рече дека ова е само  прв круг и дека во вториот круг на 8 мај, очекува подобри резултати.