Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 100 уапсени низ САД – се шират пропалестинските протести на американските универзитети

/

пред 907 дена

Сподели преку :

Над 100 пропалестински демонстранти се уапсени во неколку американски универзитетски кампуси, додека активистите порачаа дека ќе продолжат со Движењето, барајќи прекин на огнот во израелската војна со Хамас.

Полицискиот оддел на универзитетот Индијана во Блумингтон објави дека се уапсени 23-ца демонстранти под обвинение за неовластен престап и отпор при приведување.

Пропалестинските протести се проширија на универзитетски кампуси ширум САД, поттикнати од масовното апсење на над 100 луѓе во кампусот на универзитетот Колумбија минатата недела.

Покрај прекин на огнот, демонстрантите бараат одвојување на нивните училишта од компаниите кои се вклучени во израелската војска, како и крај на американската воена помош за Израел и амнестија за студентите и членовите на факултетите кои се дисциплински казнети или отпуштени поради протестите.

Раководствата на неколку универзитети побараа од полицијата да ги расчисти камповите и да ги уапси оние кои одбиваат да заминат, тврдејќи дека го бранат правото на слобода на говор во протестите, но дека нема да прифатат активисти кои ги кршат политиката на кампусот против говор на омраза или кампирање на универзитетско тло.

Државната полиција на Масачусетс информира дека на универзитетот Нортистерн во Бостон уапсила 102-ца демонстранти кои одбиле да заминат. Од универзитетот соопшти дека „во она што почнало како студентски протест пред два дена, се инфилтрирале професионални организатори кои немаат никаква врска со Нортистерн“.

На државниот универзитет Аризона, полицијата во саботата уапси 69 демонстранти за кои велат дека „се група на луѓе од кои мнозинството не биле студент и персонал на универзитетот“.