Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД соборија пет беспилотни летала над Црвеното Море

/

пред 907 дена

Сподели преку :

Американската војска собори пет беспилотни летала во Црвеното Море. Според Американската централна команда. Дронови, според нив претставуваат непосредна закана за американските, коалициските и трговските бродови во регионот.

„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на пловидба и да се направат меѓународните води побезбедни“, се додава во соопштението на Централната команда.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив, проследени со проектили и беспилотни летала. Ова претставува непосредна поддршката за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.