Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По пет години затвор за двајца Македонци во Грција – биле уапсени со 600 фалсификувани бланко европски документи

/

пред 902 дена

Сподели преку :

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција. Биле уапсени со 599 фалсификувани бланко европски документи. Не кажале ни од каде ги носат, ни кому биле наменети документите.

Кај нив биле пронајдени лични карти, возачки дозволи и дозволи за престој од Грција, Франција, Белгија, Романија, Бугарија, Швајцарија, Норвешка, Латвија, Литванија, Шведска. Документите биле празни за во нов дополнително да се внесат податоци од луѓе. Според информациите се работело за копии, верни на оригиналните документи, со водени жигови, знамиња и имиња на државите. Документите биле испратени на лабораториска анализа.

Грчките медиуми објавија дека Македонците биле уапсени викендов во обид со автомобил да влезат во Грција на граничниот премин Дојран. При претресот, во поставата на јакната на 26-годишниот возач биле пронајдени 440 празни европски документи. Останатите 159 документи биле пронајдени во багажникот на возилото. Судот во Кукуш ги осудил возачот и 43-годишниот совозач на по пет години затвор за фалсификување и здружување заради финансиска корист.

Двајцата обвинети на судењето не откриле детали за нивните активности и се бранеле со молчење.

Срѓан Стојанчов