Американскиот Сенат едногласно го усвои Законот за забрана на увоз на руски ураниум, откако Претставничкиот дом во декември минатата година, го усвои овој предлог-закон, пренесоа денеска американските медиуми.
Ураниумот се смета за атомско гориво и се користи за напојување на нуклеарни реактори кои произведуваат електрична енергија. Бајден го потпиша Законот за воена помош за Украина потпише, а се очекува и да го одобри и закон за Забраната за увоз на руски ураниум.
Американските нуклеарни централи извезле околу 12 отсто од потребниот ураниум од Русија во 2022 година, според евиденцијата на Управата за енергетски информации.
Портпаролот на Советот за национална безбедност, во пресрет на претседателски избори во САД рече дека Конгресот донесе јасна одлука дека во следниот период ќе воспостави безбеден синџир за снабдување со нуклеарно гориво.
„Вајоминг има ураниум кој може да го замени увозот од Русија и ние сме подготвени тоа да го искористиме. Нашата двопартиска законодавна иницијатива, ќе помогне да се намали финансирањето на руската воена машинерија, да заживее производството на американски ураниум и да се поттикнат инвестициите во американскиот синџир за снабдување со нуклеарно гориво“, изјави сенаторот Џон Барасо.











