Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

/

пред 884 дена

Сподели преку :

Ракометарите на Вардар и во второто соочување сезонава беа поуспешни од градскиот ривал Алкалоид и овој пат го совладаа со 24:21.

Со оваа победа “црвено-црните” останаа во трката за шампионската титула и го задржаа чекорот со лидерот Еурофарм Пелистер.

Најефикасен во победничкиот тим со осум погодоци беше Косуке Јасухира, а по три пати прецизни беа Стефан Петриќ и Хансер Родригез. На спротивната страна браќата Марко и Дамјан Митеви по пет пати се запишаа во листата на стрелците.

ФОТО: Игор Паневски