Голем број граѓани, пријатели и роднини на убиените деца во 8 часот и 40 минути се собраа пред основното училиште „Владислав Рибникар“ на улица „Крал Милутин“, каде им оддадоа почит на жртвите во масакрот и запалија свеќи, пренесуваат српските медиуми.

Пред точно една година тука беа убиени девет деца и вработен во училиштето за време на крвавиот поход на малолетникот Коста Кецмановиќ.

Медиумите ја прекинаа телевизиската и радио програмата во Србија во 08:41 часот, точно во моментот кога почна крвавиот пир во чест на загинатите.
Со тоа и официјално започна комеморативниот ден, што се одбележува под слоганот „Будење“.

Во масовното убиство што тринаесетгодишниот Коста Кецмановиќ го започна на 03.05.2023 година во 08:41 часот, убиени се: Мара Анѓелковиќ, Бојана Асовиќ, Ангелина Аќимовиќ, Ана Божовиќ, Адријана Дукиќ, Ема Кобиљски, Катарина Мартиновиќ, Софија Негиќ, Андрија Ичиќ.











