Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

/

пред 902 дена

Сподели преку :

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посетата на Киев.

Двајцата одржаа разговори во украинскиот главен град каде Камерон зборуваше за годишниот пакет помош од 3 милијарди фунти што Велика Британија ги одвојува за помош на Украина.

Ваквата помош Камерон ја опиша како сигнал до рускиот претседател Владимир Путин дека Британија ќе го поддржи да го поддржува Киев „колку што е потребно“.

„Овие 3 милијарди фунти не се помош само оваа година, ќе помогнеме и следната година, и годината потоа, онолку години колку што ќе има потреба“, му рече Камерон на Зеленски.

Зеленски се заблагодари на Обединетото Кралство за поддршката и истакна дека тоа ќе има „влијание“, особено ако се земе заедно со неодамна донесениот пакет помош од САД.