Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

/

пред 882 дена

Сподели преку :

Носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата д-р Венко Филипче и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, а видеото од нивното возење е објавено на нивните ФБ страни.

Бочварски објаснува дека првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот автопат на коридор 10 се уште е во градба, меѓутоа, асфалтот е вграден со 98% од сите количини на асфалт.

Бочварски вели дека на првата делница се завршени 91%, а на втора делница над 80%.

Кратко по оваа објава на Фејсбук претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски, објави видео од Дреновската клисура и тврди дека работите на патот се на самиот почеток и дека не е видлив ниту крајот.

„На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат“, рече Проданоски.