Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По 300 лева казни за 24 бугарски паралментарци поради неносење заштитна маска

/

пред 2284 дена

Сподели преку :

Дваесетина бугарски парламентарци се казнети денеска поради неносење маски во Парламентот, а здравствените инспектори им одредија казни од 300 лева.

Дваесет и четири од вкупно 240 пратеници добија казна за непочитување на обврската за покривање на устата и носот.

Министерот за здравство Кирил Аланиев ги заостри правилата за носење маска во затворено на 22 јуни, откако се зголеми бројот на инфекции со новиот коронавирус.

Од средината на јуни, бројот на заразени во Бугарија рапидно расте и сега изнесува вкупно 5.154.

Ограничувањата беа привремено олеснети, но мерките требаше повторно да бидат заострени.

Претставници од различни политички партии одбија да носат маски, предизвикувајќи тензии со лидерите на парламентот и оние што ги покриваа своите лица.