Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Огромна потреба од угостителски работници: Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

/

пред 880 дена

Сподели преку :

Соочен со недостаток на работници сопственик на угостителски објект во малото градче Аоста  на северот на Италија објавил оглас во кој нуди ваучер од 300 евра за секој кои што ќе успее да пронајде работник кои би работел во неговиот локал.

Огласот бил објавен на социјални мрежи и гласел:Дали имате роднина или пријател кои што не е вработен? Јавете ни се и испратете ни негова биографија.Ако биде ангажиран ќе ви се заблагодариме и подариме ваучер од 300 евра кои ќе можете да го искористите во продавниците на Сент бут или Блокер стори.

“Искрено повеќе не знам на кој начин да пронајдам работници.Објавивме многу огласи ,но до сега не успеавме да најдеме работници„, изјави Лука Тентони сопственикот на угостителскиот објект.

“Многу добро знам дека речиси на секаде е ваква ситуацијата додава он.Нудиме одлични услови и договори за работа но изгледа никој не е заинтересиран„.

“Се започна да се менува од октомври 2023.Една вработена замина во Швајцарија , друг работник се одлучи да се занимава со нешто друго и така моравме да го намалиме бројот на неделни работни саати„ објаснува сопственикот на локалот