Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вонредна прес конференција на ДИК: Апел до избирачките одбори да се придржуваат до правилата за две ливчиња

/

пред 878 дена

Сподели преку :

На вонредна прес конференција на ДИК, заменик претседателката Дитмире Шеху алармираше дека имаат информации за непочитување на насоките на Комисијата за спроведување на двојните избори.

Од ДИК апелираат до избирачките одбори, Да ги почутуваат законските одредби. Секој член на избирачки одбор којшто не ги почитува законските одредби и го попречува гласањето ќе се казни со затвор до 3 години. ДИК вчера издаде насоки со кои секој избирач треба да биде прашан дали сака да гласа на изборите за претседател и за Собрание или пак сака да подигне и да гласа само на едни избори (парламентарни или претседателски).

-Апелираме до сите членови на избирачките органи да се држат до законските одредби. Имавме пријави од неколку општини, па затоа го упатуваме овој апел и се надеваме дека избирачките органи нема да ги повторат истите грешки. Инаку, гласањето тече како што треба, изјави на вонредната конференција за медиумите Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК.

Актите на ДИК мора да се почитуваат и ќе се преземаат сите соодветни мерки за непочитување на законот и подзаконските акти, рече Шеху.

Еве го вчерашното објаснување на ДИК за начинот на работа на избирачките одбори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)