Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонците и Турците од с. Радање бараат да се почитуваат законите

/

пред 878 дена

Сподели преку :

386 полнелетни граѓани на карбинското село Радање денеска гласаат и за претседател и за нови пратеници. На гласачкото место во училишната зграда влегуваат и излегуваат избирачи. Македонците и Турците во ова село се единствени и велат дека во селото има живот.

Во ова село околу 15 семејства се македонски, останатите е турско население, односно Јуруци, кои пред неколку години се доселија од плачковичките села.

Велат дека ги имаат и сите современи услови за живот, водовод, канализација, пат и асфалтирани улици. Од властите бараат само да има мир, ред и да се применуваат законите за сите.

Младите работат и земјоделие по нивите, но и одат на работа во Штип. На гласачките места во Општина Карбинци во попладневните часови се очекува поголема излезност. Во оваа општина со право на глас се 3.164 за претседателските и еден гласач повеќе за парламентарните избори.

Викторија Димитрова Јованова