Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Остин: Претседателот на САД одлучи да се прекине испораката на оружје за Израел

/

пред 897 дена

Сподели преку :

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави дека одлуката на претседателот на САД  да се прекине испораката на  оружје за Израел е поради израелските планови за офанзива на градот Рафа на југот на појасот Газа без претходно спроведени мерки за заштита на цивили.

“Бевме сосема јасни од самиот почеток дека Израел не би требало да изврши голема офанзива на Рафа без да се земе во предвид заштита на цивилното население.Откако повторно ја проценивме ситуацијата го  прекинуваме испраќањето на оружје за Израел “.

Израелскиот воен кабинет во понеделникот одлучи да ја изврши планираната операција во Рафа како би се извршил воен притисок врз Хамас и покрај соопштението на Хамас да се прифати египетско-катарскиот предлог.