Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вратени старите цени за полисите, но нема одлука дали ќе им бидат вратени парите на оние кои платија повеќе

/

пред 885 дена

Сподели преку :

Вратени старите  пониски цени за полисите за возилата. Одлуката уште на 7 мај е објавена во Службен весник. Од сега сите кои ќе ги регистрираат своите автомобили повеќе нема да треба да плаќаат за 15 отсто поскапа полиса.

Но, се уште е неизвесно  дали  осигурителните компании ќе им ги вратат парите на оние граѓани кои ги регистрираа возилата во денови кога полисата беше со повисока цена. Станува збор за околу 10 илјади лица кои платиле повеќе.

За ова прашање се уште нема никаков одговор од осигурителните фирми.

На крајот на минатиот месец компаниите  од осигурителниот бизнис преку ноќ одлучија да ја качат цената на задолжителната  полиса за возила за 15, 4 отсто со образложение дека таа не е променета со години, а во меѓувреме трошоците во нивното работење се зголемиле и дека во прашање е доведено работењето на фирмите.

На ова реагираа од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Нивните анализи го покажаа токму спротивното дека  освен една, сите други осигурителни компании ланската година ја завршиле со солидни профити.

Првично им беше наложено на компаниите самите да ги вратата старите цени,  но откако не го сторија тоа се достави предлог во Владата за нивно враќање.

Исто така,  од АСО им порачаа на осигурителните компании  дека со намалување на провизиите за посредниците можат да ги намалат своите трошоци. Според, податоците лани за оваа намена биле исплатени над 11 милиони евра, а со оглед на тоа што оваа полиса е задолжителна се отвора  прашањето, зошто осигурителните компании имаат потреба од вакви посредници.

Ирена Чачкова