Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бројот на загинати во силните поплави во јужен Бразил достигна 136

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Бројот на загинати во силните поплави во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул достигна 136, соопшти бразилската цивилна одбрана, цитирана од британските медиуми. Уште 125 лица се водат како исчезнати.

Невремето и поплавите што ја погодија најјужната бразилска држава раселија речиси 537.000 луѓе, покажуваат податоците на цивилната заштита.

Речиси 446 локалитети и околу 2,1 милиони луѓе се погодени во државата со население од скоро 10,9 милиони.

Метеоролошката служба Мецул соопшти дека по кратко затишје, дождовите што ја зафатија државата во петокот повторно почнале да ги полнат реките и да создаваат „критична“ ситуација.