Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова беа најбрзи на традиционалната Халк Еко Скопје трча трка што денеска се одржа во македонската престолнина.
Нашиот олимпиец Ивановски на целта пристигна со време од 31 минута и 19 секунди и славеше пред Муџахид Мислими и Иван Пешовски.
Кај дамите Поп Арсова победи со резултат 34 минути 42 секунди пред Милјана Ристиќ и Бугарката, Билсерин Сулејман.
На стартот се појавија 1650 натпреварувачи во двете категории.
ФОТО: Игор Паневски








































